Цена со 5% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
За подобро расположение наутро, уживајте во овие безглутенски овесни мусли со фино, темно чоколадо на Bauckhof. Толку вкусни и чоколадни, со содржина на какао кое лесно се растопува во млеко или растителен пијалок. Чоколадните мусли не содржат млечно чоколадо. Секако, можете да изрендате и повеќе чоколадо, или во муслите да ги додадете омилените овошја и јаткасти плодови. За овие мусли, зрната од овес се внимателно преработени во мелницата на Bauchof.
- Погодни за вегани
- Погодни за вегетаријанци
- Не содржат глутен, од одгледување до пакување
- Стандард за квалитет: органско лого на ЕУ
- Регистрирани во Германското здружение за целијачна болест
Идеја за вкусен рецепт (лесен за подготовка):
Чоколадна торта без печење
Потребни состојки:
- 300 g чоколадни овесни мусли
- 125 g путер
- 200 g млечнo чоколадо
- 200 g крем сирење
- 400 ml шлаг
- Чоколадни мрвици за украсување.
Начин на подготовка:
Подготовка на основата: Растопете го путерот и додадете го во муслите. Распоредете ја смесата во тава со пружина од 26 мм и измазнете ја со влажна лажица. Ставете во фрижидер. Ако сакате, можете да ги збогатите муслите со вашето омилено овошје и јаткасти плодови.
Подготовка на преливот: Растопете го чоколадото. Измешајте го крем сирењето во чоколадото и постепено додадете го шлаг кремот. Намачкајте ја смесата врз основата за колачот. Изладете во фрижидер на 2 часа.
Состав: Овесни снегулки од интегрално зрно* (без глутен) (65%), снегулки од какао* (пченкарен гриз*, оризово брашно*, сиров шеќер од трска*, какао во прав*, морска сол), листови од темно чоколадо* (сиров шеќер од трска*, какао маса*, какао путер*, емулгатор: сончоглед лецитин*), крцкав ориз*, оризово брашно од интегрално зрно*, сиров шеќер од трска*, какао путер*, пченкарни топчиња со темно чоколадо* (сиров шеќер од трска*, пченкарен гриз*, какао маса*, какао путер*, какао во прав*, морска сол), какао во прав* (0,5%).
*од сертифицирано органско земјоделство
Може да содржи траги од соја, јаткасти плодови, сусам и млеко.
Алергени: Овесни снегулки.
Складирање: Да се чува на ладно и суво место.
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 1634 kJ/388 kcal
Масти: 8,7 g
од кои заситени: 3,3 g
Јаглехидрати: 62 g
од кои шеќери: 9,4 g
Растителни влакна: 8,3 g
Протеини: 11 g
Сол: 0,12 g
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар